ГИНОВА, Мирка

ГИНОВА, Мирка (с. Росилово, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, 1916 – Ениџе-Вардар, 26. Ⅶ 1946) – деец и борец на македонското националноослободително движење. Завршила учителска школа и учителствувала во повеќе места. Во 1945 г. се вклучила во редовите на НОБ и илегално дејствувала по воденските и мегленските села. Била секретарка на АФЖ за Воденскиот округ. Во 1946 г. била заробена во една акција на грчката војска, осудена од воениот суд во Ениџе-Вардар и стрелана. ЛИТ.: Т. Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1987. Ст. Кис. Весна Гиновска-Илковска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *