ГИМБУТАС, Марија

ГИМБУТАС, Марија (Мариа Гимбутас) (Вилнус, Литванија, 23. Ⅰ 1921 – Лос Анџелес, САД, 2. Ⅱ 1994) – проф. по археологија. Докторирала на Универзитетот во Тибинген (1946). Во 1949 емигрирала во САД, каде што до 1955 г. работела на Харвардскиот универзитет, а во 1963 била избрана за професор на УКЛА (УЦЛА) во Лос Анџелес. Била раководител и кораководител на неколку неолитски истражувачки проекти на Балканот: Обре во БиХ, Фотоливос и Ахилеијан во Грција, а во 1969/1970 г. кораководи со истражувањето на Барутница кај с. Анзабегово во Овче Поле. БИБ.: Неолитхиц Мацедониа ас рефлецтед бѕ еџцаватион ат Анза, соутхеаст Ѕугославиа. Монумента арцхаеологица, 1, Лос Ангелес, 1976; Тхе лангуаге оф тхе Годдесс, Сан Францисцо, 1989. В. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *