ГЕШОСКИ, Димитар

ГЕШОСКИ, Димитар (Прилеп, 14. IX 1928 – Скопје, 29. Ⅹ 1989) – драмски актер. Кариерата ја започнал во Народниот театар во Прилеп (1951). Член на Драмата на МНТ (1958-1964), потоа работи во Драмскиот театар во Скопје (1964-1989). Неговата игра се сос-тоеше во едноставноста на гестот, во топлината и непосредноста со кои ги обојуваше своите ликови. Улоги: Раскољников („Злосторство и казна”); Позон („Пантаглез”); Лен („Ветерот во гранките на Сасафра”); Панко Козарко („Свадба”); Голе („Хамлет од Долно Гаштани”); Кардиналот („Еригон”) и др. Забележително е неговото учество на филмот, на ТВ и на јавни приредби како рецитатор. Р. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *