ГЕРАСИМОВ, Никола

ГЕРАСИМОВ, Никола (Охрид, 17. Ⅶ 1868 – Софија, 2. Ⅻ 1927) – учител, петрички војвода. Завршил историја на Универзитетот во Софија. Учителствувал во Пазарџик, Гевгелија, Штип, Трговиште. Бил учесник во Горноџумајското и во Разлошкото востание. Од 1903 г. бил секретар во четата на Александар Протугеров. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна, во составот на Бугарската армија. ЛИТ.: Алманах на завършилите висше образование в СУ „Кл. Охридски“ (1888– 1974), И, Софиџ, 1975. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *