ГЕОРГИЕВ, Кирил

ГЕОРГИЕВ, Кирил (Петрич, Пиринскиот дел на Македонија, 1965) – шаховски велемајстор (1986) од македонско потекло, со бугарско и македонско државјанство. Бил светски шампион за млади шахисти до 20 години, трикратен првак на Република Бугарија и учесник на 9 олимпијади. Беше чен на шК „БМ Кисела Вода“ од Скопје (2002–2003). Настапувајќи 5 години за РМ на првата табла на Европското шаховско првенство во Пловдив (2001) освоил бронзен медал, бил седми на Олимпијадата во Блед (2002), го освоил четвртото место на Европското поединечно првенство во шаливри (Турција, 2003) и се квалификувал за завршниот дел на Светското шаховско првенство во Триполи (2004). С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *