ГЕОРГИЕВ, Зоран

ГЕОРГИЕВ, Зоран (Скопје, 1950) – археолог-конзерватор. Дипломирал на Групата по историја на уметност со археологија при Филоз. фак. (1978), а постдипломските студии ги завршил на Филоз. фак. во Белград (1990) со трудот „Керамиката од железно време во Скопско-кумановскиот и Овчеполско-брегалничкиот регион“. Во 1979 г. е избран за асистент при Катедрата за историја на уметност и археологија на Филоз. фак. во Скопје. Во 1992 г. преминал во РЗЗСК, каде што работи како советник археолог-конзерватор. Бил раководител или член на екипа во бројни архелошки ископувања, а од 1997 г. раководи конзерваторско-реставраторски проекти на археолошкиот локалитет Стоби. БИБ.: Карактерот и значењето на вонгробните наоди од јужно-повардарските некрополи од железно време, „Мацед. Ацта арцхаеол.“, 6, Скопје, 1980; Елементи на раната антика во Долно Повардарје, „ГЗФФ“, 11 (37), Скопје, 1984; Басараби стилот и Македонија, „Мацед. Ацта арцхаеол.“, 13, Скопје 1993, 81-96. В. С. Кирил Георгиев