ГЕОРГИЕВСКИ, Сашо

ГЕОРГИЕВСКИ, Сашо (Кочани, 8. Ⅹ 1963) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал (1986), магистрирал (1993) и докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Концесиските и сличните договори меѓу државата и странскиот вложувач во меѓународното и внатрешното право, со посебен осврт на правото и практиката на Република Македонија“ (1997). Избран за асистент (1988), за доцент (1998) и за вонреден професор на Правниот факултет во Скопје (2004) во научната област меѓународно право и меѓународни односи. Бил член на македонската делегација во преговорите околу сукцесијата на поранешната СФРЈ (1992), во преговорите со Република Грција (1993 и 1995) и во преговорите со ЕУ (1996 и 2000). Објавил поголем број научни трудови во домашни и во странски списанија за меѓународноправните и за некои споредбени аспекти на странските вложувања. БИБ.: Легал Аспецтс оф Фореигн Инвестимент ин Мацедониа, Леиден, 1999; Документи за Република Македонија 1990-2005, Скопје, 2007. ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 1951 – 2001, Скопје, 2001. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *