ГЕОРГИЕВСКИ, Петре

ГЕОРГИЕВСКИ, Петре (с. Долно Дупени, Преспа, 1. Ⅵ 1940) – универзитетски професор, социо-лог. Основно образование завршил во с. Љубојно, а учителска школа во Битола. Дипломирал социологија на Филозофскиот факултет во Белград (1965). Завршил постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1971). Докторирал од областа на социолошките науки на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Влијанието на социјалната структура на студентите врз изборот на факултетот, меѓусебното другарување и успехот во студиите“ (1981). Се вработува како асистент на ИСППИ (1967), а потоа на Филозофскиот факултет во Скопје (1972). Избран за редовен професор (1987) по предметите методологија на социолошки истражувања и социологија на образованието. Тој е еден од основачите на Одделението за социологија, подоцна Институт за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Бил декан на Филозофскиот факултет во Скопје (1985) и член на Претседателството на ЦК на СКМ (1986-1989). Објавил над 150 статии и повеќе книги од областа на социологијавлијанието на образованието врз социјалната подвижност во Македонија. БИБ.: Социологија на образованието, Скопје, 2003. ЛИТ.: Филозофски факултет 1920–1946– 2006, Скопје, 2006. Ил. Т. Сашо Георгиевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *