ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт

ГАЈДИК-СЛАВКО, Роберт (Злин, Чехословакија, 1923 – Липљан, Косово – 14. Ⅰ 1942) – комунистички деец и борец (од чешко потекло). По окупацијата на Чехословакија (1938) се доселил кај своите родители во Скопје, го завршил Среднотехничкото училиште (Градежен отсек) и станал член на СКОЈ (1939). По налог на МК на КПЈ за Скопје, се вработил во рудникот Радуша како главен магационер (првата половина на 1941). Со група младинци истакнал црвено знаме на Дивизиската зграда во Скопје (1. Ⅴ 1941) и учествувал во палењето на германскиот авион на Скопскиот аеродром. Илегално ја снабдувал Скопската организација на КПЈ со експлозив и станал борец на Скопскиот НОПО (20. Ⅷ 1941). По апсењето од Гестапо (ноември 1941), успеал да избега и се вработил во Приштина. Наскоро станал борец на НОПО „Зејнел Алдини” (од почетокот, до крајот на 1942). Поради болест се илегализирал, но бил уапсен при провалата во с. Суви Дол (Косово), одведен во Липљан и јавно стрелан. ЛИТ.: Ратка Миловановиќ, Роберт умре со извикот за слободата, „13 Ноември”, бр. 1, Скопје, 1962, 16; Престојот на Роберт Гајдик во Куманово во 1941 година, „Куманово и Кумановско во НОВ 19411942 година”, Куманово, 1979, 602-604; Крсто Здравковски, Да не се заборави. Споменици и спомен белези во Скопје, Скопје, 1982; Роберт Гајдиќ, „Просветена жена”, Скопје, јули-август 1985, 3. С. Мл. Стефан Гајдов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *