ГАТАЛЕЧКО ПЕЕЊЕ

ГАТАЛЕЧКО ПЕЕЊЕ -. вражење загадочни стихови, главно при гледање на отворена дланка во раката од гатачките, главно Ромки. Тоа е посебен стил на народно пеење, најзастапен во Полошкиот регион. Го карактеризира троделна форма на мелодијата (АБЦ), во која централно место има вториот дел Б, бидејќи само во него е застапен хагадниот принцип – буквалното повторување само на средниот мелодиски дел, со редење нови содржини на стиховите, така што секоја нова мелострофа кај делот Б секогаш започнува со целосно повторување на сите претходни стихови од тој мелопоетски дел, а на секој негов крај се додава само еден нов стих. ЛИТ.: Бранка Бугариска, Гаталечките песни како дел од вокалната традиција на Тетовско, „Музика“, ИВ, 6, Скопје, 2000, 79-88. Ѓ. М. Ѓ. Лисна жаба (Хѕла арбореа)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *