ГАБИ, МАКЕДОНСКИ

ГАБИ, МАКЕДОНСКИ. Македонија е миколошки релативно слабо истражена. Први позначајни податоци за македонските габи дале Пилат, Линденер, Личауер и Тортиќ. Од 1986 г. па наваму, Македонски габи: сончарка, вргањ, буковка, смрчка, шампињонка и лисичарка вршени се систематски истражувања на разновидноста на габите во повеќе подрачја во Македонија од страна на Митко Караделев, а проучувањата посебно се интензивираат со оформувањето на Миколошката лабораторија (2001). Врз основа на досегашните истражувања се регистрирани околу 1.500 вида габи во РМ, а со оглед на еколошките услови се очекува да се најдат приближно 10.000. Најголем дел од габите се со видливи плодни тела (макромицети), од кои на класата Басидиомѕцетес (столпчести габи) $ припаѓаат 1.050, а на класата Асцомѕцетес (торбести габи) – 130. М. К.