ГАБЕР

ГАБЕР . (Царпинус Л. и Острѕа Сцоп., фам. Бетулацеае) – под ова име се опфатени двата цитирани рода. Во првиот припаѓаат околу 50 листопадни вида, распространети во Северната хемисфера, кои имаат мазна кора, усучено стебло, тешко дрво, еднодомни со еднополни цветови собрани во реси и кои се појавуваат напролет со пролистувањето. Плодот е оревче, сместено во пазувата на прицветна (плодна) лушпа (брактеа). Во РМ е застапен со два вида: габер и бел габер. Во вториот спаѓаат десетте листопадни вида од Северната хемисфера, многу слични на претходните, а се разликуваат по грубата темна кора и машките цветни реси, кои се формираат во текот на есента претходната година, и по затворените како кесички брактеи. Кај нас е природно застапен само црниот габер. Други видови кај нас: а) габер (сабука, воденика) (Ц. бетулус Л.) – ареалот му е во средна и јужна Европа, во Мала Азија и на Кавказ. Во РМ се среќава единична или како групна примеса во горуновите и буковите шуми. Дрво високо до 25 м, со цели, издолжено јајцести листови, ситно и двојно назабени. Плодовите се мали, плоснати оревчиња во пазува на триделна брактеа; б) бел габер (Ц. ориенталис Сцоп.) – вид од југоисточна Европа, на исток се протега до Иран. Во РМ е распространет во зоната на субмедитеранската вегетација, каде што гради пространи формации (шикари) како деградациски стадиум на дабови и други шуми. Ма-ло дрво (10-15 м), со леторасти, папки, листови, цветови и други органи слични на претходниот вид, само со помали димензии. Брактеите се цели, во форма на лист; в) црн габер (Острѕа царпинифолиа Сцоп.) – јужноевропски вид, на исток стасува до Сирија. Во РМ има општа распространетост по стрмни, карпести, најчесто варовнички падини, до 1.500 м н.в. Дрво од средна големина (15-20 м), со тркалезно стебло и со темна, испукана кора. Папките се зелени, лис-Г Црн габер товите слични на оние од габерот но нешто помали, темнозелени. Брактеата е затворена ќесичка. Ал. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *