ГАБЕР, Стеван

ГАБЕР, Стеван (Велес, 22. IX 1919 – Скопје, 5. Ⅷ 1999) – универзитетски професор, правник. Основно образование и гимназија завршил во родното место, а Правен факултет во Белград и во Софија (1943). Докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Непосредна демократија“ (1956). Бил декан на Правниот факултет во Скопје (1965-1967), ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1972/73-1973/74), директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1975) и ректор на Универзитетот „Св. Наум Охридски“ во Битола (1978-1979). Припаѓал на комунистичкото студентско движење. Во партизанското движење влегол од Ⅷ 1944 г., кога бил примен за член на КПЈ. Бил политкомесар на чета во Велешката осма бригада (1944). По Ослободувањето на земјата бил полномошник на ОЗНА, окружен обвинител и обвинител на град Скопје. Бил член на Матичната комисија за основање на Правниот факултет во Скопје (1951). Напишал повеќе од 160 труда од областа на правните и политичките науки. Стеван Габер БИБ.: Стеван Габер, Теорија на државата и правото, Скопје, 1970; Наука за политиката, Битола, 1982. ЛИТ.: Зборник во чест на животот и делото на Стеван Габер, Скопје, 2001. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *