ВУЧИДОЛОВ, Милош

ВУЧИДОЛОВ, Милош (Скопје, 30. Ⅷ 1935) – лекар, унив. професор. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1963) и специјализирал спортска медицина (1977). Работел во Здравствениот дом како лекар и во Заводот за спортска медицина во Скопје (1963–1981). Бил предавач и редовен професор по предметот Хигиена на Факултетот за физичка култура во Скопје (1981–1998). Докторирал на овој Факултет (1992), на тема: „Следење на промените на физиолошко-биохемиските варијабли во крвта во организмот на спортистите–борачи слободен стил во времето на фи-Милош Вучидолов зичките активности во периодот од четири години”. Спортски лекар на олимписките репрезентации на Југославија и Македонија (1984–2006). Објавувал стручни и научни трудови. Н. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *