ВУКОВИЌ, Роко

ВУКОВИЌ, Роко (с. Студенци, Далматинска Загора, 10. Ⅲ 1882 – 1962) – биолог, универзитетски професор. Средно образование завршил во Фрањевачката гимназија во Сињ и шибеник, а факултетско образование во Лувен, Белгија, каде што студирал биолошки науки. Докторирал со дисертацијата „Хетерогена профаза и метафаза при Оенотхера биеннис“ (1912). Во Скопје дошол по покана (1949) и се зафатил со изведување на редовната универзитетска настава. Со негово залагање, во наставата учествуваа видни професори од Белградскиот универзитет, од Загрепското свеучилиште и од Љубљанскиот факултет. Се залагаше за создавање македонски кадри што ќе ја продолжат наставата по биологија. Беше и прв претседател на Македонското биолошко друштво. Љ. Гр. Павао Вук-Павловиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *