ВРХОВЕН СУД НА ДФМ/НРМ/ СРМ/РМ

ВРХОВЕН СУД НА ДФМ/НРМ/ СРМ/РМ -. највисока судска инстанција во судскиот систем на Македонија. Врховниот суд на ДФМ е формиран во Скопје, со Повелбата за устројство на редовните народни судови во Федерална Македонија што ја донесе Президиумот на АСНОМ (1945). Врховниот суд на НРМ е востановен со Уставот на НРМ (1946), Врховниот суд на СРМ со Уста Зградата на Врховниот суд на РМ вот на СРМ (1963 и 1974) и Врховниот суд на РМ со Уставот на РМ (1991). Врховниот суд на РМ е составен од 25 судии. Функцијата претседател на Врховниот суд од 2004 г. ја врши судијата Дане Илиев. ЛИТ.: Зборник – Врховен суд на Република Македонија (1945–2002), Куманово, 2003. Гор. Л.-Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *