ВРЕНЦОСКИ, Славчо

ВРЕНЦОСКИ, Славчо (Прилеп, 24. Ⅷ 1937) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1963). Работел во Бирото за урбанизам при Општината Прилеп каде го изработил Основниот урбанистички план на Прилеп (1967), во проектанското биро „Градител“ во Прилеп и во Заводот за урбанизам и проектирање како главен проектант. Од 1980 г. работи во Скопје: во „Македонија-табак“, во Југобанка и во Стопанска банка. Позначајни реализирани објекти: Економски факултет во Прилеп (1976); деловен објект на СИЗ во Крушево (1977); Општински суд во Крушево (1977); Осигурителен завод „ЗОИЛ“ во Прилеп (1978); деловен објект „Македонија-табак“ во Скопје (1980); комплекс „Мото трејд“ во населбата „Ченто“ во Скопје (1989). Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *