ВРВЧАРИ

ВРВЧАРИ (Немертини) – силно издолжени и сплескани црви. Претежно морски организми. Распространети, главно, во умерениот појас каде што во крајбрежијата се закопуваат во тиња и во песок, или ползат по карпи и по морска вегетација. Мал број видови живее во милта на големи длабочини. Поретко ги има во тропските и суптропските мориња, а добро се застапени во арктичките и антарктичките води. Некои видови врвчари секундарно преминале на живот во копнени води (бари, езера, слабо истечни води), како тие од родот Простома. Се хранат со црви, мекотели и ракчиња. Некои претставници живеат како паразити на жабри од различни ракови. Во светот се опишани околу 1.000 видови. Во Маво сублиторалот на Охридското Езеро. Овој вид е живороден (вивипарен) и е со должина 1-2 цм. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Група автори, Цоунтрѕ Студѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *