ВОСТАНИЕ НА КАРАТАШО

ВОСТАНИЕ НА КАРАТАШО (Помладиот) (1854) – востание што избувнало под големо влијание на Кримската војна (1853– 1856). Караташо со поголема група од македонски, грчки и влашки доброволци (по потекло од Македонија), со брод од Грција пристигнале на Халкидик и предизвикале востание на Лон-гос (ИВ 1854). Востанието се проширило и во другите делови на Македонија. Караташо издал проглас до населението во Македонија со повик за општо востание. Востаниците успеале да пристигнат до централните делови на Халкидик. За задушување на востанието, османлиската држава била поддржана од Франција, чии воени бродови воспоставиле поморска блокада на Халкидик. Во близина на Полигирос востаниците биле нападнати од единици на османлиската армија и биле присилени да се повлечат кон Света Гора. Малобројните востаници биле немоќни да ги продолжат борбите. По претходен договор за француска заштита, востаниците го запреле дејствувањето и се префрлиле во Грција ( Ⅵ 1854). ЛИТ.: Ристо Поплазаров, Ослободителните вооружени борби на македонскиот народ во периодот 1850–1878, Скопје, 1978; Στεφανου Παπαδουπολου, Οι επανα− σττασεις του 1854 και 1878 οτην Μακεδο− νια, Τεσαλονικι, 1970. Д. Јов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *