ВОСТАНИЕТО НА ДЕРВИШ ЦАРЕ

ВОСТАНИЕТО НА ДЕРВИШ ЦАРЕ (1843 г.) – востание на албанското население во Македонија против централната османлиска власт поради воведувањето задолжителна регрутација за сите муслимани и спроведувањето на реформите прокламирани со ѓулханскиот хатишериф (1839). Востанието го предводел управникот на Гостивар, Дервиш Царе. Востаниците ги презеле Гостивар, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Приштина, Врање, навлегле и во Скопје, меѓутоа не успеале да го заземат Калето. Востанието целосно било задушено во јуни 1844 г. од Омер-паша Латас. ЛИТ.: Александар Матковски, Отпорот во Македонија, 4, Буни и востанија, Скопје, 1983; Р. Поплазаров, Еден интересен документ за „Бунтот и Дервиш цар”, ГИНИ, ⅩⅤⅠⅠⅠ, Скопје, 1974. Др. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *