ВОЛКАНОСКА, Александра Ставрева

ВОЛКАНОСКА, Александра Ставрева (Цариград, 26. Ⅹ 1904 – Охрид, 4. IX 1988) – физиолог, унив. професор. Мед. ф. завршила во Белград (1933). Работела како практичен лекар и како асистент на Мед. ф. во Белград. Академската кариера до редовен професор ја продолжува на Институтот за физиологија при Мед. ф. во Скопје (1949), посветувајќи се на работата со студентите и обуката на кадарот. Д. С.-Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *