ВОЕНО-ПОЛЕВ СУД во Македонија

ВОЕНО-ПОЛЕВ СУД во Македонија (1941-1944) – вонреден воен суд формиран од Министерството на војната на Царството Бугарија во времето на Втората светска војна. Судови биле организирани и на пониско рамниште, во единиците на бугарската армија. Суделе по скратена постапка за дела пропишани од бугарското вонредно законодавство. Под нивна јурисдикција се нашле и припадниците на НОБ на Македонија (1941-1944). ЛИТ.: Д-р Александар Христов, Скопскиот партизански одред во полициско-судските документи на окупаторот, зб. Скопје во НОВ 1941, Скопје, 1973; Д-р Новица Велјановски, Некои елементи на бугарското законодавство од 1941-1944 год. како средство за спроведувањето на окупаторските цели во Македонија, „Погледи”, 5, Скопје, 5, 1978. Н. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *