ВОДНИ ЦВЕТОВИ

ВОДНИ ЦВЕТОВИ – ЕДНОДНЕВКИ (Епхемероптера) – инсекти со два пара крилја. Предните крилја се посилни и поголеми од задните. Ларвите на овие инсекти живеат во водна средина по неколку години, додека возрасните живеат само од неколку часа до неколку недели. Познати се како воздушни играчи. Од оваа група инсекти се регистрирани преку 1.600 видови, од кои, во Македонија се утврдени 63 таксони (5 таксони се ендемични). Најпознат и најчест претставник од редот на еднодневките е видот воден цвет (Епхемера вулгата Л.), нежен инсект со должина 17-19 мм. Возрасните единки се појавуваат масовно предвечер над површината на водата и живеат многу кратко. Масовното изумирање на овој вид во водите создава појава наречена „воден цвет”. ЛИТ.: Петар Икономов, Епхемероптера на Преспанската Котлина, АннуаиределаФац. Пхил. Унив., Скопје, 1953, 6(7): 1-30; Петар Икономов, Еднодневките (Епхемероптера) на Македонија фам. Епхемерелидае, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1961, 8(3): 53-74; Владимир Т. Крпац, Тѕпе материал субјецтед то тхе форцес оф натуре – Процеедингс оф тхе Интернатионал Цонгресс оф Цатастропхес анд Менагемент ин Мусеумс, Специал иссуе оф тхе Натионал Мусеум оф БиХ. Земалјски музеј Босне и Херцеговине анд Тиролер Ландесмусеум Фердинандеум, Сарајево, 2001, 106-111. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *