ВМРО-СДРМА

ВМРО-СДРМА (Прилеп, почетокот на 1946-1947) – конспиративна младинска организација создадена на иницијатива и под водство на Глигор Крстески, со цел да се бори за отцепување на НР Македонија од Југославија, ослободување на неослободените делови и обединување во Самостојна Држава Република Македонија (СДРМ) со поддршка од САД и од другите западни сили, под покровителство на Америка. Тоа било вградено во името на Организацијата – СДРМА. Обединета Македонија се предвидутипот на западните демократии. Организацијата изградила организациска мрежа (до средината на 1947), по систем на тројки, во Прилеп и во Прилепско. Организацијата била разоткриена (пред крајот на 1947), водечките личности биле уапсени и биле осудени, а нејзината дејност прекината. ЛИТ.: Сто години ВМРО, златна книга, Скопје, 1993; Иван Катарџиев, Сто години од формирањето на ВМРО, сто години револуционерна традиција, Скопје, 1993; Глигор Крстески, Моето досие, Скопје, 2002. М. Мин. ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *