ВМРО-ПРАВДА

ВМРО-ПРАВДА (1948-1985) – конспиративна политичка организација во НР/СР Македонија формирана од припадниците на ВМРО-СДРМА во Прилеп со политичка програма: обединета самостојна држава Македонија со парламентарно уредување по угледот на парламентарните држави на Запад, надополнета со заложби за остварување социјална правда. Дејноста ја проширила мрежата во Битола, Охрид, Ресен, Скопје, Свети Николе, Штип, Берово, Струмица и во селата, во Малешевско и во Дебарца. Членовите на Организацијата се декларирале како следбеници на Претседателот Методија Андонов-Ченто &„чентовци”. И по честите апсења опстојувала. Организацијата ја проширила својата мрежа и дејноста (1970–1971) во Пиринскиот и во Егејскиот дел на Македонија. Преку студентската група во Загреб, одржувала врски со Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) во Европа. ЛИТ.: Сто години ВМРО. Златна книга, Скопје, 1993; М. Миноски, Авнојска Југославија и македонското национално прашање (1943–1946), Скопје, 2000. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *