ВЛАШКО АВТОНОМИСТИЧКО ДВИЖЕЊЕ „ЛЕГИЈА НА ВЛАСИТЕ

ВЛАШКО АВТОНОМИСТИЧКО ДВИЖЕЊЕ „ЛЕГИЈА НА ВЛАСИТЕ“ (1941–1943) – етнополитичко и оружено движење на Власите во Тесалија, од западниот Егејски дел на Македонија и во Северозападен Епир под водство на Алкивијадис Дијамандис, организирано со поддршка од дивизијата „Флори“ на италијанската окупаторска армија. Движењето прогласило (1941) создавање Влашко Кнежевство („Принципат на Власите“) под протекторат на Италија со седиште во Самарина. По капитулацијата на Италија (септември 1943) Движењето се распаднало; дел со водечките личности заминале во Романија, а другите припадници го предале оружјето, додека дел од нив се придружиле на ЕЛАС. ЛИТ.: Лилјана Пановска, Теророт во Егејскиот дел на Македонија (1941–1944), Скопје, 1995; Ташко Мамуровски, Квислиншки и националистички организации во Егејскиот дел на Македонија во Втората светска војна, Скопје, 2001. М. Мин. Влекачи: поскок, гуштеричка и желка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *