ВЛАХОВ, штерју

ВЛАХОВ, штерју (с. Оваја, Серско, 1884 – Петричко, IX 1924) – војвода на ВМРО. По Првата светска војна бил војвода во Горноџумајската околија, близок соработник на А. Василев. Поради замешаноста во убиството на Т. Александров, бил ликвидиран во времето на горноџумајските убиства во Петричко извршени од ВМРО на Ив. Михајлов. ЛИТ.: Атанас Џолев, Спомени. Премрежињата на македонското револуционерно движење. Предговор и редакција проф. д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2003. З. Тод. Стефан Влахов -Мицов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *