ВЛАХОВ, Туше Христов

ВЛАХОВ, Туше Христов (Кукуш, 3. Ⅵ 1899 – Софија, 13. Ⅵ 1981) – историчар, публицист, заслужен деец на науката (1966), унив. професор, дописен член на БАН (1967) и херој на социјалистичкиот труд на НР Бугарија (1974). По Втората балканска војна, емигрирал во Бугарија (1913). Дипломирал историја на Софискиот универзитет (1926) и специјализирал во Берлин и во Париз (1929-1932). Како член на БКП (1934) и гимназијален професор во Карлово, Сливен, Копривштица и Софија (1934-1944), постојано бил преследуван од властите. По Втората светска војна бил главен инспектор по историја во Министерството на народната просвета (1945-1949), а потоа професор по нова општа историја на Софискиот универзитет (1961-1968). Посебен интерес му биле национално-ослободителните борби во Македонија. БИБ.: Върховизамът и великоблгарските шовинисти – крепители на български® монархизъм, София, 1947, Турско-бљлгарските отношениџ през 1913– 1915 г., София, 1955; Родниџт град на Христо Смирненски, София, 1956; Отношениџта между България и централните сили по време на войните 1912–1918 г., София, 1957; Кукуш и неговото истори=еско минало, София, 1962; България и Младотурската револÓция, София, 1966; Криза на българо-турските отношения 1895–1908, София, 1977. ЛИТ.: България и европейските страни през ⅩⅠⅩ–ⅩⅩ в. (Сб. в =ест на Туше Влахов), София,1975; Хр. Данева-Михова, Ви-ден педагог и историк, „Векове”, Но 2–3, Софиџ, 1974, 114–118. С. Мл.