ВЛАДИСЛАВ ГРАМАТИК

ВЛАДИСЛАВ ГРАМАТИК – плоден книжевник од ⅩⅤ в. Податоци за животот само од неговите дела. Потекнува од Ново Брдо во Косово, живеел и работел во Жеглиговскиот крај, во ман. „Св. Богородица”, Матејче, на Скопска Црна Гора. Автор е на 4 огромни зборници со мешана содржина, сочувани во автограф, напишани калиграфски, главно со ситен полуустав на правилен црк. слов. ј. со ресавски правопис и со уметнички илустрации: минијатури, вињетки, заглавки и иницијали. Само Ⅰ зборник (1455) е напишан во Младо Нагоричино, сите други (Ⅱ од 1469, Ⅲ – 1473, Ⅳ – 1479) во ман. „Св. Б-ца”, Матејче. Зборниците содржат 311 творби од околу 70 визант. и слов. автори, во вкупен обем од 5400 страни. Тие не се механички препишувани, туку длабоко осмислени со широк антологиски зафат. Секој од зборниците има своја физиономија со посебна тематика. Владислав Граматик: ракопис (1479) ЛИТ.: Г. Данчев, Владислав Граматик. Книжевник и писател, БАН, С. 1969; Б. Райков, Сборникът на Вл. Граматик, „Палаеобулгарица”, 15, 4 (1991), 39-49; Р. Угринова-Скаловска, Вл. Граматик и единството на јужнослов. книжевна традиција, предавање на 16 семинар за мак. ј., литература и култура, ОхридСкопје, 1983; П. Хр. Илиевски, Традиција и иновации во макед. црк. слов. книжевни споменици од Турскиот период, МАНУ, 2005, 31-76. П. Хр. Ил.