ВИШАНОВ-МОЛЕРА, Тома Хаџиикономов

ВИШАНОВ-МОЛЕРА, Тома Хаџиикономов (Банско, 1759 – ?, ок. 1815) иконописец и зограф, основоположник на Банската живописна школа. Со зографско образование се стекнал во Виена (ок. 1770). По враќањето бил наречен Молера според герм. Малер (живописец). Бил под влијание на Дебарската иконописна школа. Работел во Банско, во црквата „Покров Богородичен“ при испосницата „Св. Лука“ кај Рилскиот манастир (1811, 24 сцени), во Курилскиот манастир (1812–1913), Довленско, Разлошко и ќустендил. Го негувал реализмот во сликањето и особено бил успешен во ктиторските портрети (проигуменот Теодосиј). Неговите единствени иконостасни икони од гробишната црква во Банско изгореле (1953). Бил учител на повеќе млади иконописци и зографи, како и повеќе наследници од неговиот род – синот Димитар Молеров (1780-1870), внукот Симеон Молеров (1816– 1903) и правнукот Ѓорѓи Молеров (1844–1876). Тома Вишанов: детаљ од иконата на св. Јован Крстител од црквата „Св. Петар и Павле“ во с. Добриниште, (ⅩⅤⅠⅠ в.) БИБ.: Д. Г. Молеров, Иконопис в Банско, „Извести® на Нар. етногр. музей во Софи®“, Ⅲ, кн. 1, Софи®, 1923; М. Цончева, Б„лгарско в„зраждане. Живопис и графика, Софи®, 1962, 22-25 и 45-46; А. Василиев, По®ва и развой на изкуството в Банско, Б„лгарски в„зрожденски майстори. Живописци, резбари, строители, Софи®, 1965, 486-504; истиот, Тома Вишанов – Молера, Софи®, 1969. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *