ВИХИНГ, епископ

ВИХИНГ, епископ (лат. Ууицхинус) (? – ок. 899) – викарен епископ Нитрански. Потекнувал од Баварија. Ракоположен од папата Јован Ⅷ (872–882) за викарен епископ на Моравскиот архиепископ св. Методиј Солунски. Во почетокот тајно, а потоа јавно застанал против св. Методиј, користејќи лажни папски писма и обвиненија. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *