ВИНОЖИТО

ВИНОЖИТО (Лерин, 8. IX 1995) – македонска политичка партија во Егејскиот дел на Македонија, учесник на парламентарните избори во Грција (на последните парламентарни избори добила 7.800 приврзаници). Партијата развива активна национална, политичка и културна дејност. Во Лерин организирала отворање на „Македонска куќа”. Со другите македонски организации ги публикува билингвалните списанија: „Моглена”, „Зора”, „Нова зора” и сп. „Лоза”, со прилози за историското и културното минато на македонскиот народ. Се бори за признавање на Македонците во Грција како македонско етничко малцинство, за воведување на македонскиот јазик во просветата, во богослужбата, во електронски-Плакат за Ⅰ конгрес на политичката партија Виножито те медиуми и во локалната администрација (во Костурско, Леринско, Воденско, С’ботско). Претставници на Виножито дејствуваат и во рамките на меѓународните организации, каде што ги преставуваат интересите на македонското етничко малцинство во Грција. ЛИТ.: С. Киселиновски, Ирена Ставови-Кавка, Малцинствата на Балканот, Скопје, 2004; С. Киселиновски, Егејскиот дел на Македонија, Скопје, 1990. Ст. Кис. Живоин Винчиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *