ВЕЈСИ

ВЕЈСИ – Ефенди (Увеис бин Мехмнед), (Алашехир, 1561 – Скопје, 1628) – кадија, поет и прозаист. Во периодот 1605–1627 г. седум пати бил назначуван за кадија на Скопје. Важи за еден од најголемите уметници на турската средновековна проза, со исклучителен стил. Напишал 11 книжевни и поетски дела. Негово најпознато дело е книгата за Мухамед „Сиѕери Веѕси”, како и неговата „Книга за соништата” (Хвабнама), која претставува политички опис за причините за падот на Османлиската Империја. Неговата поетска збирка содржи 170 прекрасни касиди. ЛИТ.: Евлија Челеби, Путопис. Одломци о југословенским землјама. Превео, увод и коментар Хазим шабановиќ, Сарајево, 1967, 288, заб. 70; Херберт Дуда, Ускуб им 17. Јахрхундерт, Балканисцхе Студиен, Њиен, 1949, 31, заб. 74; Драги Ѓоргиев, Скопје од турското освојување до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век, Скопје, 1997. Др. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *