ВЕРОУЧЕНИЕ ВЕРОНАУКА

ВЕРОУЧЕНИЕ ВЕРОНАУКА – наставен предмет во српските и во бугарските училишта во Македонија до 1944 г. Со „Привремениот план за обука во основните училишта”, донесен од Поверенството за просвета при Президиумот на АСНОМ (30. IX 1944), е предвидено факултативно изучување на вероучението од Ⅰ до Ⅳ одделение на основното училиште, но со нов документ од 1945 г., наместо вероучение е воведен факултативно предметот верска настава во првите четири одделенија на основното училиште. Со првиот Устав на НРМ (31. Ⅻ 1946) се одвојува училиштето од црквата и се укинува верската настава во училиштата, но се допушта, по желба на родителите, да може да се организира во црковни простории. ЛИТ.: Р. Кантарџиев, Историја на образованието и просветата во Македонија, Скопје, 2002. К. Камб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *