ВЕНОВСКА-АНТЕВСКА, Снежана

ВЕНОВСКА-АНТЕВСКА, Снежана (Скопје, 2. Ⅶ 1959) – филолог, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со потесна специјалност – современ македонски јазик и синтакса. Завршила гимназија, а потоа дипломирала на ФилоСнежана Веновска -Антевска лошкиот факултет (македонски јазик) во Скопје (1978–1982). На истиот факултет магистрирала на темата „Спротивната реченица кај македонските автори од ⅩⅠⅩ век“ (1983–1989) и докторирала на темата „Сврзникот НО во македонскиот јазик (синхронија, дијахронија, перспективи)“ (2001). Работи во Институтот, од асистент во Одделението за современ јазик, до директор (2002–2006). Автор е и коавтор на неколку книги, голем број статии и други прилози. Била член е на Советот за македонски јазик при Министерството за култура на РМ. БИБ.: Спротивната реченица кај македонските автори од ⅩⅠⅩ век, Скопје, 1998; Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи, том 1-4, Скопје, 1992, 1997, 2000 и 2001 (коавтор); Личното име кај Македонците, Скопје, 1996 (коавтор); Благоја Корубин и народните говори, Скопје, 1998 (коавтор); Толковен речник на македонскиот јазик, том И-Ⅲ, Скопје, 2003, 2005 и 2006. ЛИТ.: 50 години Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ 1953-2003, Скопје, 2003, 47-50. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *