ВЕНЕЦ, Миокази, Кичевско

ВЕНЕЦ, Миокази, Кичевско – 50 м висок рид во долината низ којашто минувал прастариот пат од Кичевијата кон Пелагонија, преку Брод. Врвот претставува елипсовидно плато (260 х 128 м, 3,5 ха) благо наведнато кон југ. Било обградено со силен малтерен ѕидемплектон (1,8–2 м) и зајакнато со 12 правоаголни кули, секоја на растојание од 15 до 35 м. На јужниот, на западниот и на поголемиот дел од северниот ѕид, на дистанца од 8 до 12 м под главниот ѕид, бил проектиран заштитен предѕид (протеихизма). Долж главниот ѕид однатре биле изградени повеќе простории со стандарден формат, карактеристични за Ⅵ в. н.е. Откриените монети го датираат животот на ова место од Ⅳ до Ⅵ в. н.е. На највисокиот дел од гратчето се откриени темели на трикорабна ранохристијанска базилика, со крстилница паралелна со јужниот кораб. ЛИТ.: Г. Спасовска-Димитриоска, Археолошки истражувања на Градиштето Венец кај с. Миокази, Кичевско, „МакАцта-Арцх”, 7-8, 1981-1982, Скопје, 1987, 167-175; И. Микулцик, Спатантике унд фрухбѕзантинисцхе Бефестигунген ин Нордмакедониен, Мунцхен, 2002, 473-474, абб. 390, 391. В. Л. Елефтериос Венизелос