ВЕЛЈАНОВСКА, Вера

ВЕЛЈАНОВСКА, Вера (Битола, 23. Ⅵ 1955) – професор по физичка култура, атлетичарка. Завршила Факултет за физичка култура во Скопје (2001). Била член на АК „Олимпија” во Битола. Македонска и југословенска репрезентативка и рекордерка на куси атлетски патеки. На југословенските, на балканските и на други меѓународни натпреварувања освоила повеќе златни, сребрени и бронзени медали. Успешно настапила на Европското првенство во Дуизбург (Германија) и на Европскиот куп во Холандија (1973). Таа е избрана за спортист на Македонија (1973 и 1974). Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *