ВЕЛИ, Седат Аки

ВЕЛИ, Седат Аки (Велес, 15. Ⅻ 1920) – општественик од турската заедница во Македонија. Основно образование и шивачки занает завршил во родниот град. Откако се вклучил во работничкото движење (1940), станал и член на КПЈ (1941). Во времето на НОБ се илегализирал (1942) и работел во партиската техника на МК на КПЈ во Велес, а потоа заминал како борец на НОПО „Гоце Делчев“ (кон крајот на 1942). По расформирањето на Одредот бил уапсен и лежел во Скопскиот и во Софискиот затвор, а потоа бил интерниран во логорот Ени ќој (1943). По краткото време на слобода (почетокот на 1944), пак бил уапсен и интерниран во логорот Видбол. По капитулацијата на Бугарија бил ослободен и работел во ОЗНА во Пехчево, а потоа бил претседател на Околискиот комитет на СКОЈ и на НОМСМ во Делчево, член на Окружниот комитет на СКОЈ и претседател на Окружниот комитет на НОМСМ НОМСМ. Подоцна заминал на работа во Скопје, во тогашниот Народен одбор, бил секретар на ОК на СКМ на Скопје, претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ „Кале“, претседател на Градската конференција на ССРНМ, пратеник во Собранието на НРМ/СРМ и ФНРЈ, функционер во ССМ и др. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *