ВЕЛИНОВСКА, Ленка

ВЕЛИНОВСКА, Ленка (псевд. Мирка) (с. Страишта, Мегленско, 15. Ⅶ 1926) – национален деец. Била активен учесник во НОД во Егејскиот дел на Македонија (од 15. Ⅶ 1941). Во Граѓанската војна во Грција станала секретар на Окружниот комитет на АФЖ за Воденско (26. Ⅶ 1946), член на Главниот одбор на НОФ на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (19. Ⅰ 1948) и член на Извршниот одбор на Главниот одбор на АФЖ за Егејскиот дел на Македонија (19. Ⅳ 1949). С. Мл. Мирка Велиновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *