ВЕЛЕШКО-ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ

ВЕЛЕШКО-ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ“ (Велешко, кон крајот на април 1944 – с. Отиштино, Велешко, 2. IX 1944) – партизански одред на НОВ и ПОМ, формиран од 30 борци поделени во три десетини. Дејствувал главно во селата на областа Азот и Поречието, при што напаѓал помали бугарски воени и полициски упоришта и станици, водел борби со контрачетата, формирал НОО, мобилизирал нови борци и вршел диверзии на железничката пруга Скопје-Велес (април-август). Бидејќи нараснал на над 400 борци, од него и новопристигнатите борци била формирана Осмата македонска (велешка) НО бригада. ЛИТ.: Боро Мокров, Борбениот пат на Партизанскиот одред „Трајче Петкановски“ и на Ⅶ ударна бригада, Велес и Велешко во НОВ 1943 – 15 мај 1945 година, Титов Велес, 1977, 235-251; истиот, Борбениот пат на Велешко-прилепскиот одред „Трајче Петкановски“, Прилеп и Прилепско во НОВ 1944 – 15 мај 1945 година, кн. И/2, Скопје, 1985, 41-47; Ѓорѓи Малковски, Прилог кон формирањето и борбените дејствија на Велешко-прилепскиот партизански одред „Трајче Петкановски“, „Историја“, ЏЏИВ/ЏЏВ, 1-4, Скопје, 1988/89, 109-119. С. Мл. Улица во с. Велешта, Струшко

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *