ВЕЛЕШКО-ДЕБАРСКА ЕПАРХИЈА на Цариградската патријаршија

ВЕЛЕШКО-ДЕБАРСКА ЕПАРХИЈА на Цариградската патријаршија (ⅩⅠⅩ – 1913) – ја опфаќала територијата од Велес до Дебар со седиште во Кичево. Во 1910 г. Патријаршијата на чело на епархијата го поставила Србинот јеромонах Варнава Росиќ. Од 1913 до 1915 г. епархијата била присоединета на Белградската митрополија. Од крајот на 1915 (по бугарската окупација) до 1918 г. епархијата била под јурисдикција на Бугарската егзархија. Од крајот на 1918 до 1920 г. епархијата одново била под српска црковна власт. Во 1920 г. епархијата би-ла укината, а нејзината територија била поделена помеѓу Скопската митрополија и Охридската епископија. ЛИТ.: Драги Костадиновски, Вардарскиот дел од Македонија под јурисдикција на Српската православна црква (1919-1941), Скопје, 1995; Р. Грујић, Велешко-дебарска епархија, во: Азбучник Српске православне цркве, Београд, 1993. Рат. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *