ВЕЛЕШКА КЛИСУРА

ВЕЛЕШКА КЛИСУРА – клисура на реката Вардар. Се протега од утоката на реката Тополка до утоката на реката Брегалница во должина од 22 км. Клисурата е всечена помеѓу ридовите Св. Илија (564 м) од левата страна и Вршник (443 м), Голик (550 м) од десната страна на Вардар. Во самата клисура Вардар меандрира и има изградено повеќе речни проширувања во кои од левата страна се наоѓаат селата: Коселари, Кочалари, а од десната Згрополци. Т. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *