ВЕЛЕВ, Илија

ВЕЛЕВ, Илија (с. Добрејци, Струмичко, 7. Ⅲ 1959) – книжевен историчар, научен советник во Институтот за македонска литература во Скопје, поет и раскажувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје (1982), каде што магистрирал на тема „Лесновскиот книжевен центар” (1988), а потоа и докторирал на тема „Развојот на македонската книжевност во ⅩⅣ век” (1994). Објавува поезија, проза и критика. Член е на ДПМ (1990). Неговата научноистражувачка дејност е од областа на медиевистиката, палеославистиката, археографијата, историографијата и на современата литература. Автор е на повеќе книги, статии и други прилози. Беше раководител на Институтот за македонска литература во Скопје и прв вршител на должноста директор во два мандата. Бил главен и одговорен уредник на сп. „Спектар” и член на редакцијата на сп. „Кирилометодиевистика”. БИБ.: Далечина (поезија), Скопје, 1980; Одлагање на говорот (поезија), Скопје, 1988; Бисеро моме, Бисеро (избор од македонската љубовна поезија од преродбата до 1945 г.), Скопје, 1990; Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија, Скопје, 1990; Македонска средновековна книжевност, Скопје, 1991 (коавтор); Македонскиот книжевен ⅩⅣ век, Скопје, 1996; Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција, Скопје, 1996; Скрипторски центри во средновековна Македонија, Скопје, 1997 (коавтор); Лесновскиот книжевен центар, Скопје, 1997; Кирилометодиевската традиција и континуитет, Скопје, 1997; Мораме да крвавиме (раскази), Скопје, 1999; Кога морето се изговара без брегот (критики), Скопје, 2000; Средновековни книжевни антологии, Скопје, 2000; Проникнувања на традицијата и континуитетот, Скопје, 2000; Записи и натписи од Лесновскиот книжевен центар, Скопје, 2001; Лесновски – Ковачевиќев пролог, Скопје, 2002; Творци на македонската литература IX-ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 2004 (коавтор); Византискомакедонски книжевни врски, Скопје, 2005; Низ преминот на традицијата, Скопје, 2006. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *