ВЕЗЕНКОВ КОСАРИН, Александар Петровшичќ

ВЕЗЕНКОВ КОСАРИН, Александар Петровшичќ (Крушево, 9. Ⅻ 1867 – ?) – македонски деец, син од братот Петар на Стојан Везенков, пензиониран руски драмски артист во С.-Петербург. Преку Букурешт стигнува во С.-Петербург, но не успева да се запише на Военомедицинската академија (1889), па станува студент на Московскиот и веднаш е префрлен на Правниот факултет во Новорусискиот универзитет во Одеса (1891–95). Организира група од оперски и драмски артисти „со цел да приредува драмски и оперски вечери со дела од руски автори“ (1908) што прераснува во Руски драмски театар под негово директорство и гостува со приредби во словенските земји (1910– 1911) – до пензионирањето. Потписник е на првиот Меморандум на ополномоштените Македонци од С.-Петербуршката македонска колонија до Лондонската конференција (1. Ⅲ 1913), во Друштвото за словенска заемност (мај 1913) одржува јавно предавање „Улогата на македонското население во Балканската војна и неговиот однос кон сојузниците“ и често настапува заедно со Д. Чуповски и Н. Димов во расправите на словенските собири за македонското прашање. Од името на „македонските автономисти“ реагира до в. „Р‹чÏ“ за пишувањето на словенофилите во в. „Новое время“ за условите за српско-бугарското зближување, при што потсетува: „Автономна Македонија беше неопходна за зацврстување на словенското обединување под моќната егида на Русија… Во свое време ние македонските автономисти не еднаш им укажувавме на мнозина и на некои од словенољубите политичари од ,Нов. Вр.‘ дека ако Русија допушти да се подели Македонија, тогаш словенската идеја ќе се разбие како морски бран од гранитната стена (Македонија) и ќе може да се видат само капките при паѓањето за да исчезнат на дното на морската шир, од каде што никакви ,словенофили’ не ќе можат веќе да ја извадат“.ИЗВ.: АВПРИ, Москва, ф. 146, оп. 495, ед. хр. 4711 и 1896–1911, д. 2809; ГА РФ, Москва, ф. 579, оп. 1, д. 1713. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, Скопје, 1978, 71, 123, 193 и 312. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *