ВАЈСМАН, Џејмс Р

ВАЈСМАН, Џејмс Р. (Јамес Р. Њисеман) (Норт Литл Рок, САД, 29. Ⅷ 1934) – археолог, унив. професор, академик. Дипломирал на Универзитетот во Мисури (1957), а потоа завршил класични студии во Американската школа во Атина (1959-1960). Магистрирал (1960) и докторирал (1966) на Универзитетот во Чикаго. Неговите професионални интереси се насочени кон проучување на односот меѓу Римјаните и автохтоното население, трговијата и економијата во римскиот период и градовите и населените места во антиката и во доцноантичкиот период во источниот дел на Медитеранот. Предавал на универзитетите во Остин (Тексас), Колорадо, Бостон и во Американската школа за класични студии во Атина. Раководел со археолошки истражувања во Македонија (Стоби), Грција (Елис, Коринт, Никополис) и во шпанија (Менорка). Од 1970 до 1981 г. бил кораководител на археолошките ископувања во Стоби и уредник на публикацијата Студии за старините во Стоби И-Ⅲ (Студиес ин тхе Антиљуитиес оф Стоби), а во 1979 г., во негова организација, на Универзитетот во Бостон е одржан симпозиум посветен на истражувањата на овој антички град. Тој е основач и главен уредник на списанието Јоурнал оф Фиелд Арцхаеологѕ (1974-1985), а покрај големиот број општествени дејности бил и потпретседател (1981-1984) и претседател (1985-1988) на Археолошкиот институт на САД, каде што во 1993 г. е избран за почесен претседател. За надворешен член на МАНУ е избран во 2003 г. БИБ.: Студиес ин тхе Антиљуитиес оф Стоби, И-Ⅲ, Београд-Титов Велес, 1973-1981 (уредник); Тхе Ланд оф тхе Анциент Цоринтхианс. Студиес ин Медитерранеан Арцхаеологѕ, 50, Готеборг, 1978; Ландсцапе Арцхаеологѕ ин Соутхерн Епирус, Грееце, И, Хеспериа Супплемент, 32, Атхенс, 2003 (уредник). А. В.-М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *