ВАЈНОВ, Пандо Глигоров

ВАЈНОВ, Пандо Глигоров (с. Сребрено, Леринско, 1924) – воен командант на ДАГ. Како потполковник (1948) и полковник (1949) бил командант на бригада и дивизија. Бил член на Главниот одбор на НОФ на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (јануари 1948), член на Главниот одбор на НОМС на Егејска Македонија (мај 1949), заменик член на ЦК КПГ (октомври 1950) и претседател на Организацијата „Илинден” на македонските бегалци во источноевропските земји. ИЗВ.: Егејска Македонија во НОБ, 1947, том Ⅳ, АМ, Скопје, 1980, док. 76, 290–291.ЛИТ.: Ташко Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), НИО „Студентски збор”, Скопје, 1987, 240-243. С. Мл. ВАЗВАНАС, Вангелис – комунистички деец. Во времето на Втората светска војна бил секретар на Македонското биро на ОКНЕ (јули 1941), а потоа член на Градскиот комитет (од 1941) и член на Околискиот комитет на КПГ во Солун, член и втор секретар на Македонското биро на КПГ, секретар на Обласниот комитет на младинската организација ЕПОН и секретар на Градскиот комитет на КПГ во Солун (од март 1944). Учествувал на мошне значајната проширена седница на Обласниот комитет на КПГ за Егејскиот дел на Македонија, при што бил избран за член на Обласниот комитет (втора половина на ноември 1944). На Седмиот конгрес на КПГ бил избран за кандидат-член (1945), а на Петтиот пленум и за член на ЦК на КПГ (јануари 1949). Во времето на Граѓанската војна во Грција бил политички комесар на повеќе јазици (1938) воени единици на ДАГ во Егејскиот дел на Македонија и Тракија, а потоа и на шестата дизизија на ДАГ. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ (1944-1945), т. Ⅱ, АМ, Скопје, 1973, 80; Д-р Ристо Кирјазовски, Демократски и антифашистички партии и организации во Егејскиот дел на Македонија (1941-1945), ИНИ, Скопје, 1991, 40, 54, 75, 86 и 114. С. Мл. Џејмс Вајсман

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *