ВАЈГАНД, Густав

ВАЈГАНД, Густав (Густав Њеиганд) (Дуисбург, Германија, 1. Ⅱ 1860 – Дуисбург, 8. Ⅶ 1930) – германски филолог-романист и етнограф, унив. професор. Откако докторирал, бил директор на Институтот за романски јазик во Лајпциг (од 1894) и професор по романска и балканска филологија и етнографија на Лајпцишкиот универзитет (од 1896). Бил покренувач и редактор на „Годишник“ на Институтот за романски јазик во Лајпциг (1894-1919) и сп. „Балканархив“ (т. 1-4, 1925–1929). Две години истражувал низ Македонија и во соседните земји (Албанија, Епир и Грција), проучувајќи го јазикот и етнографијата на Власите, за што објавил неколку книги и еден атлас (1888, 1892, 1894 и 1909). Притоа пројавил интерес и за македонскиот јазик. Бил избран за дописен член на БАН во Софија (1902). Автор е на граматики на романскиот (1903), на бугарскиот (1907) и на албанскиот јазик (1913), на бугарско-германски речник (1913), на речник на бугарските лични имиња – потеклото и значењето (1926), како и на етнографска карта на Македонија (1895), посебен прилог за „Аспирациите на балканските народи“ и на книга за етнографијата на Македонија. Ги помагал македонските студенти во Лајпциг. БИБ.: Етнограпхие вон Македониен, Леипзиг, 1924; Етнографи® на Македони®, превод от немски Елена Пипилева, Софи®, 1998. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *