ВАТАША

ВАТАША – село во Кавадаречко. Се наоѓа од двете страни на Ваташка Река, непосредно до Кавадарци, на надморска висина од околу 270 м. Како приградска населба на Кавадарци населението му е во постојан пораст. Во 1961 г. во него живееле 1.936 ж. Во 2002 г. тој број се наголемува на 3.502 ж. Од нив 3.224 ж. биле Македонци, 238 ж. Роми, 20 ж. Срби, 13 ж. Турци и 7 ж. други. Главно занимање на населението е одгледувањето винова лоза, а дел се вработени во кавадаречките претпријатија. Во Ваташа, Кавадаречко В. е роден народниот херој Страшо Пинџур и во спомен на него, родната куќа, со биста на херојот во дворот, е уредена во Меморијален музеј. Месноста, пак, Моклиште е претворена во споменичен комплекс посветен на дванаесетте ваташки младинци невино стрелани од окупаторот во 1943 г. Во В. има осумгодишно училиште, здравствена станица и повеќе трговски и занаетчиски дуќани. Ал. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *