ВАСИЛИЈ Ⅱ

ВАСИЛИЈ Ⅱ (957 – 15. Ⅻ 1025) – византиски цар (976–1025), меѓу најзначајните од македонската династија. Воспоставил цврста власт. Со децении војувал против Самуиловото Царство; со Самуил и наследниците трпел порази (Трајанова Порта, 986 г.) и победувал (Сперхеј, 996; Беласица, 1014), на крајот го уништил (1018), а границата на Византија ја воспоставил на реките Дунав и Сава. При воведувањето на византиската власт презел некои решенија од Самуиловиот даночен систем. Охридската патријаршија ја свел на степен на автокефална архиепископија и £ издал три грамоти за нејзините права и обврски. ЛИТ.: Ц. Холмес, Басил Ⅱ анд тхе Говернанце оф Емпире (976-1025), Оџфорд, 2005; В. СтанковиÊ, Цариградски патријарси и цареви македонске династије, Београд, 2003. Б. Петр. Св. Василиј Велики (икона XI в.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *