ВАСИЛЕВИЌ, Миодраг А

ВАСИЛЕВИЌ, Миодраг А. (Закута, 9. IX 1903 – Опатија, 9. Ⅷ 1963) – етномузиколог, унив. професор, собирач на македонско народно творештво. Како наставник по музика во Скопје и професор во Средното музичко училиште и на Музичката академија во Белград запишал околу 4.000 народни песни со мелодии и текст од Македонија, Косово, Санџак, Јужна Србија и Црна Гора (1948-1950), од кои се објавени повеќе книги записи во издание на Музиколошкиот институт на САНУ. БИБ.: Југословенски музички фолклор, Ⅱ. Народне мелодије које се певају у Македонији, Београд, 1953. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *